Победниците од мајската трка во Делчево ќе трчаат маратон во Женева

Борче Ивановски, Марија Богдановска и Павлинка Станоевска се тројцата делчевчани кои на 1 и 2 декември ќе бидат дел од маратонската трка во Женева насловена „Course de l’Escalade“, трка која има традиција на одржување од полни 41 година.

Борче Ивановски кој на мајската трка во Делчево беше победник на главната трка на 5 километри, во Женева ќе трчи 7,3 километри.

Марија Богдановска која беше победник на 5 километри и Павлина Станоева која на трката во Делчево беше најбрза на 2,5 километри, во Женева ќе бидат дел од натпреварувањето на 4,8 километри.

Учеството на делчевските претставници на Женевскиот маратон се реализира со финансиска поддршка на здружението ,,Драм-Ас” како и Асоцијацијата на македонски иселеници во Швајцарија и Франција ,,Рефрама”.

Организаторите од името на сите учесници уште еднаш се заблагодаруваат на сите спонзори кои ја поддржаа трката која во месец мај оваа година се реализираше низ градските улици во Делчево.

Што се однесува до трката во Женева која оваа година на 1 и 2 декември ќе се организира по 41 пат, според официјалните податоци на веб-сајтот https://escalade.ch/en , досега учество пријавиле 40.000 учесници ширум светот.

На Ивановски, Богдановска и Станоева им стискаме палци, посакувајки им супер доживување и врвни резултати.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*