Кривична пријава за пуштање отрови во водите на река Бреглница во Делчево

Полицијата поднесе кривична пријава против две лица од компанија во Делчево поради загадување на водата и опасност за опстанокот на животинскиот свет

МВР наведе дека од објектот на првопријавеното правно лице, во кое второпријавениот е управител, преку цевката за отпадни води, во реката Брегалница биле испуштени отпадни води со хемиски агенси кои се отровни за животинскиот свет, со што предизвикале опасност за опстанокот на рибите во реката Брегалница.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против правно лице со подружница во Делчево и Т.Н. (37) од Скопје, управител на правното лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “загадување на добиточна храна или вода“.

На 25.07.2018 година во Делчево, од објектот на првопријавеното правно лице, во кое второпријавениот е управител, преку цевката за отпадни води, во реката Брегалница биле испуштени отпадни води со хемиски агенси кои се отровни за животинскиот свет, со што предизвикале опасност за опстанокот на рибите во реката Брегалница.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*