Потпишан меморандум за соработка помеѓу град Берово и здружението Европско движење на Република Македонија

Во Берово се одржа панел дискусија на тема „Европските институции во развојните перспективи на општина Берово и Источниот-плански регион. Европските перспективи се отворени за секоја една општина но само од луѓето кои живеат во нив ќе зависи колку ќе се стигне до тие европски фондови, истакна професорот на шумарскиот факултет во Битола, Трпе Стојановски кој упати порака за заедничко делување на општините од регионот во насока на справување со проблемите низ призмата на достпаност на Европските фондови.
 
-Темата за која разговаравме денес е достапноста на Европските фондови и степенот на развој во кој што е Република Македонија. Тие фондови уште ќе бидат на хоризонтот пред Македонија, а од нашата земја и од луѓето во нашата земја зависи колку ќе бидат моќни да скокнат и да го преминат прагот кој што се бара за пристап до тие фондови. Значи станува збор за можности и во таа смисла едно поголемо обединување може да биде само претпоставка како да го скратиме патот и со проектите во оваа област да направиме подобар амбиент за живеење за нашите семејства во рамки на нашата заедница, рече Стојановски
 
Во рамки на настанот, општина Берово и здружението Европско движење на Република Македонија го потпишаа меморандумот за соработка, кој, според градоначалникот Звонко Пекевски, претставува позитивна насока во афирмирањето на европските инцијативи за потесна соработка на локалните власти со граѓанските здруженија од Регионот.
 
-Она што значи развој на Берово во иднина и можностите на европерспективите во делот на развојот е секако отворањето на граничниот премин Клепало. За нас како општина нас исто така од особено значење е развојот на регионот Малешево, овде сме заедно со општина Пехчево, имаме исти приоритети разговараме реално за исти проблеми, и приоритетите и развојот кој во иднина би го понудиле се однесува за истите субјекти и за истата локална економија на ниво на двете општини во еден заеднички регион, рече Пекевски.
 
За неговиот колега, градоначалникот на општина Пехчево, Драги Тренчовски денешниот настан беше одлична можност да се дефинираат насоките за соработка со граѓанскиот сектор за доброто на граѓаните.
 
-Ова е еден добар момент за да се слушне пред се гласот на граѓанскиот сектор и невладиниот сектор за да можеме и ние да се фокусираме на битните и важни моменти кои тие ќе ни ги предочат за да можеме ние да ги вметнеме во буџетот за 2019 година а со тоа и да почнеме со решавање на проблемите на граѓаните во следната година, рече градоначалникот Тренчовски.
 
Денешниот настан беше дел од активностите на проектот „Граѓанските организации во служба на демократијата“, е финансиран од ИПА 2, механизмот за подршка на граѓанските здруженија.

Во Берово панел дискусија на тема „Европска интеграција низ перспективата на соработка меѓу граѓанските здруженија и локалните власти“

Во Берово се одржува панел дискусија на тема „Европска интеграција низ перспективата на соработка меѓу граѓанските здруженија и локалните власти“

Posted by delcevo365.mk on Friday, November 30, 2018

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*