Појава на одрони на патниот правец Кочани – Македонска Каменица и Пехчево – Делчево

Фото архива delcevo365.mk
Одрони повторно прават проблеми на патниот правец Македонска Каменица – Кочани. Како што информираа за delcevo365.mk возачи кои околу 15 часот се враќале од Кочани кон Делчево, поголем одрон удрил во заштитниот ѕид на местото каде пред повеќе од три месеци огромни одрони го попречуваа сообраќајот.
 
-На потегот меѓу селата Истибања и Калиманци забележавме како одрон удира во заштитниот ѕид кој се наоѓа пред самиот асфалт. Парчиња од камен се наоѓаат на коловозот и поради нивната помала големина се уште е возможно одвивање на сообраќајот на патот, велат возачи.
Освен на овој патен правец во релативно лоша состојба кога се во прашање одроните е и патниот правец Пехчево – Делчево. Најмногу одрони во периодот околу 17 часот се забележани на коловозот помеѓу патниот правец Пехчево – Делчево помеѓу селата Панчарево – Истевник – Тработивиште.
 
Во соопштението на Македонија пат е наведено дека дежурни екипи се на терен ја контролираат ситуацјата и ги одржуваат сите пани правци проодни.
 
Поради можната појава од понатамошни одрони од Авто мото сојузот на Македонија препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*