Декадата на Ромите продолжува со поддршка на мултиетничките средини во Источна Македонија

Со поддршка на Декадата на Ромите, во пехчевски Црник, завршија инфраструктурните активности за изградба на улицата „1“. Градоначалникот на општина Пехчево, Драган Тренчовски, кој денес заедно со Министерот без ресор, Аксел Ахмедовски, изврши увид во завршните активности, најави дополнителна интервенција на крак од оваа улица со изградба на канали за одвод.
 
-Овде сме да направиме дополнителен увид на оваа инфратструктурна проблематика која над 20 години претставува проблем за жителите од македонска, ромска и турска националност. Тоа е проблем со одводните води кои надоаѓаат во обилни количини. Денес сме овде да направиме предмет пресметка за изведба на канал со реконструктрукција, активност со која ќе се направи дополнително поврзување на улицата која води до Џебирско маало. Сметам дека со таа реализација, ќе се реши овој инфраструктурен проблем, рече Тренчовски.
 
Проектот е од особено значење за жителите на село Црник, истакна министерот без ресор Аксел Ахмедовски, најмногу заради фактот што решава проблеми на жители од различна етничка припадност.
 
-Од овој проект ќе имаат бенефит и граѓаните кои се од неромската заедница, доносно од турската и македонската заедница и особено сум задоволен што село Црник е место каде има краен соживот меѓу сите граѓани. Во таа насока во ова село ќе продолжиме со решавање на проблемите со изградба на крак од оваа улица со дополнителна изградба на канали и крак од оваа улица со што оваа улица ќе биде во целост направена онака како што треба, рече Ахмедовски.
 
Со средтсвата кои се уште ги има на располагање преку Декадата на ромите, како што најави Ахмедовски, Министерството без ресор ќе продолжи со дополнителни активности за подобрување на животот на ромската заедница во пехчевско.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*