Старицата која изгоре во пожар во својот дом во Црник била неподвижна

Старицата која изгоре во пожарот кој го зафти нејзиниот дом во село Црник била неподвижна. Селаните и соседите кои со жалење зборуваат за трагедијата велат дека пожарот избувнал во петокот на 30 ноември, половина час по полноќ.  Како што вели Амет Кампелезов, жител на село Црник иако против пожарната единица и полицијата дале се од себе да ја спасат старицата, за жал пожарот бил побрз од нивните обиди.
 
-Пожарот се случи половина час по полноќ, куќата целосно изгоре. Жената беше неподвижна и повремено се грижеа соседи за неа. Половина час по пожарот дојдоа и противпожарни екипи и полицијата и иако даваа се од себе не можеа да ја спасат жената.
Починатата старица куќата ја делела со нејзиниот роднина Шериф Ридаров кој откако куѓата изгоре целосно останува без кров над главата.
 
-Кога го забележав пожарот планирав да спасам нешто од моите работи, но не успеав. Јас сега сум уличар, немам ништо. Изгоре и покуќнина и гардероба. И сега кај јас да одам, немам каде да легнам, да се измијам, значи барам помош инаку останувам на улица, вели Ридаров.
.
Градоначалникот Тренчовски кој денес беше во Црник, најави финансиска поддршка за Ридаров.
 
-Како локална самоуправа ќе излеземе максимално во пресрет, очекувам со Ридаров заедно да се договориме на кој начин да му ја ублажиме ситуацијата, незвисно дали тоа ќе биде со финансиска или било кој дргу вид на поддршка, рече Тренчовски.
 
Заради обдукција и утврдување на причините за несреќата во текот на денешниот ден на местото на настанот излегоа и екипи на судска медицина како и надлежни од Mинистерството за внатрешни работи.

Жената која изгоре во пожар во село Црник била неподвижна. Потребна помош за Шериф Ридаров кој останува без кров над главата

Posted by delcevo365.mk on Saturday, December 1, 2018

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*