Стратегијата за ромите причина за недоразбирања помеѓу Министерот без ресор Аксел Ахмедовски и пратеникот Самка Ибраимовски

Министерот без ресор Аксел Ахмедовски ги потврди обвинувањата од страна на пратеникот Самка Ибраимовски кој на социјалните мрежи веќе два месеци јавно го обвинува Ахмедовски за неспроведување на начелата на партијата за целосна еманципација на Ромите. Ахмедовски истакна дека недоразбирањето е еднострано и истото може да се надмине само доколку има интерес од другата страна.
 
-Веќе 2 месеци има интензивни обвинувања на моја сметка дека не ги спроведувам стратешките цели на стратегијата, дополнително и стратешки цели за други работи, кои што во моментот нема да ги коментирам. За ваша информација овие недоразбирања се еднострани и за нив лично не сум информиран. Сметам дека тие недоразбирања доколку има интерес и од другата страна, во интерес на заложбата да работиме за граѓаните на Република Македонија ќе бидат надминати, рече Ахмедовски.
 
Во меѓувреме Министерот без ресор Ахмедовски го посети Малешевскиот регион за да изврши увид во проектите кои се спроведуваат согласно Стратегијата за Ромите 2014-2020.
 
-По претходни договори и разговори со градоначалникот на општината успеавме да одделиме средства согласно стратегијата во делот на инфраструктурата, средства кои се лоцирани во министерството за транспорт и врски, а наменети за Стратегијата за Ромите, во износ од 2,5 милиони денари, истакна Ахмедовски.
 
Согласно средствата кои се уште останале на располагање преку Декадата на Ромите, Ахмедовски најави дополнителни активности за подобрување на животот на Ромската заедница во пехчевскиот регион.

Која е причината за недоразбирањата помеѓу Министерот без ресор Аксел Ахмедовски и пратеникот Самка Ибраимовски?!

Posted by delcevo365.mk on Monday, December 3, 2018

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*