По повод празникот Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста, денес во Делчево се одржа Света Архиерејска Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Неговото високо преосвештенство Митрополит Брегалнички г.Иларион. Како што истакна г.Иларион, денешниот празник е ден кога родителите треба да ги воведуваат децата во црквата исто како шт0за прв пат тоа го направила мајката Божја.
-Овој празник е пример за сите нас, посебно за родителите како треба да ги воведуваат децата во домот божји, да ги воспитуваат и да ги подучуваат на словото божјо. И навистина кога децата кога ќе го научат словот божјо, ќе се научат на стравот божји и во младоста ќе знаат да се пазат од разни пороци и искушенија а ќе знаат да ги сакаат и почитуваат родителите возрасните и ќе прават добро на земјата, рече г.Иларион.
Митрополитот Брегалнички се осврна на најавата за доизградба на храмот Св.Кирил и Методиј во Делчево.
-Многу пати низ годините очекувавме тој храм да се доврши донаправи, и се надеваме на милоста божја по застапништвото на сесловенските жители Св.Кирил и Методиј на кој е посветен храмот и кои се заштитници на храмот дека набргу ќе почне изградбата на храмот ќе се покрие ќе се стави фасадата а понатаму ќе продолжи и доуредувањето за да се приготви и за осветувањето и со тоа Делчево ќе го има еден од најголемите и најновите храмови во Македонија, рече г.Иларион.
Изјава на Неговотовисокопреосвештенство Митрополит Брегалнички г.Иларион по повод празникот Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста
Posted by delcevo365.mk on Tuesday, December 4, 2018
На денешната литургија на која учествуваа и свештеници од делчевското и кочанското архиерејско намесништво, пред присутните верници се обрати и игуменот на Лесновскиот манастир, Архимандрит Дамаскин.
https://www.youtube.com/watch?v=8sdAUxtCsN4
Црковно пеење на детскиот хор по повод Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста
Црковно пеење на детскиот хор по повод Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста
Posted by delcevo365.mk on Tuesday, December 4, 2018
Leave a Reply