Во Делчево ќе се одржи презентација на Планот за економски раст

Се известуваат сите заинтересираните граѓани и претставници од бизнис-заедницата дека на 7 декември (петок) во банкет-салата на хотел „Македонија“во Делчево со почеток во 11 часот ќе се одржи информативен настан – презентација на трите столба од Планот на економски раст на Владата на РМ и проектите на Фондот за иновации и технолошки развој.

На информативниот настан ќе присуствуваат министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска и претставник на Фонд за иновации и технолошки развој. На настанот  е предвиден термин за прашања од присутните. Целна публика се компании од регионот на Малеш и Пијанец кои би можеле да бидат потенцијални корисници на некоја од бројните мерки.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*