Пијанечките бисери се вратија на сцената во киносалата во Делчево

По пауза од две години во Делчево се врати манифестацијата Пијанечки бисери. Во рамки на детскиот музички фестивал годинава ќе учествуваат вкупно 29 учесници кои ќе настапат во две полуфинални вечери. Организатор на настанот е Националната установа Центар за култура од Делчево чиј директор Методи Толевски изрази задоволство што фестивалот повторно се враќа меѓу најмладите.
 
-Оваа година на среќа на најмладите повторно ја обновивме манифестацијата во чии рамки ќе се одржат две фестивалски вечери. Преку оваа детска музичка манифестација сакаме да ги натераме дечињата почесто да ја посетуваат нашата установа во која ќе поминуваат поголем дел од времето. Исто така очекуваме од фестивалот да произлезе и по некој музички талент како што тоа пред 10 години беше младиот Никола Тренчевски, кој настапи на детската Евровизија во Брисел, рече Толевски.
 
Годинава за манифестацијата се пријавиле околу 38 кандидати од кои комисијата на чело со координаторот и професор по музичко образование Цобе Илиоски се одбрани најдобрите 29.
 
-Кандидатите се поделени во две вечери, а подобрите композиции ќе бидат дел од финалната вечер која ќе се одржи во сабота. Оваа година предност е тоа што одиме чекор понапред бидејки дел од учесниците пеат на готова матрица, на караоке матрица што е чекор плус за фестивалот, рече Илиоски.
 
Учесниците кои во финалната вечер на детскиот фестивал Пијанечки бисери ќе бидат прогласени за најдобри, од страна на организаторот ќе добијат скромни награди.

Манифестацијата ,,Пијанечки бисери" повторно на сцената во киносалата во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Wednesday, December 5, 2018

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*