Прв работен состанок со компанијата која ќе го гради пешачкиот мост на река Брегалница во Делчево

Фирмата „Жикол“ која го доби тендерот за изградба на првиот пешачки мост во Делчево, денеска беше воведена во работа. На состанокот со претставници на фирмата изведувач, претставници од Центарот за развој на ИПР и фирмата надзор на проектот „ГЕОИНГ“ од Делчево беше презентиран проектот за изградба на мостот, по што беше направен увид на локацијата, каде ќе се гради овој инфраструктурен проект.
Градоначалникот Трајковски потенцираше дека се решава горлив проблем на граѓаните на Делчево.
 
-Денеска можеме да истакнеме дека почнуваат со имплементација проектите кои ги работевме изминатиот период и наредната година ќе имаме позабрзана градежна офанзива. Овој мост ќе го поврзува стариот со новиот дел на градот со што, освен што ќе биде и украс на градот, тој ќе биде дел од туристичкиот пакет на Делчево. А ќе има дополнителни инвестиции околу уредување на просторот и патеките кои водат до мостот, рече Трајковски.
 
Првиот пешачкиот мост во Делчево ќе се гради од челична конструкција, со должина од 60 метри, распон од 42 метри и ширина на пешачката патека од 3 м.
 
Александар Николов, координатор на проектот од Центарот за развој на ИПР, истакна дека фирмата „Жикол“ има обврска во рок од 6 месеци, мостот да го изгради квалитетно и навремено.
 
-Вредноста на електронската аукција е 8, 2 мил денари. Околу 60% е учество од ИПР, преку Бирото за регионален развој, а останатите 39 % се кофинансирање од Општина Делчево. Мора да истакнам дека реализацијата на овој проект е резултат на добрата соработка со Општина Делчево, истакна Николов.
 
Во рамки на овој проект планирани се дополнителни инвестиции за изградба на пристапни рампи и пристапна улица со која ќе се поврзат локалните институции. Активностите за изградба на првиот пешачки мост на река Брегалница во Делчево се реализираат во рамките на проектот „Збогатување на туристичката понуда со изградба на пешачки мост на река Брегалница во Делчево“ и е финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа на Р.Македонија и бирото за регионален развој преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година.

Прв работен состанокнсо фирмата која во наредните 6 месеци ќе го гради пешачкиот мост на река Брегалница во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Thursday, December 6, 2018

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*