Се зајакнува соработката помеѓу комуналните претпријатија од Пијанечко-малешевскиот регион

Претставници на комуналните претпријатија од Делчево, Берово и Пехчево денес ја реализираа првата средба која има за цел да придонесе за понатамошно зајакнување на меѓусебната соработка. Активноста е дел од проектот „Водоснабдување на Делчево“, кој во наредните две години ќе се реализира во Пијанец.
 
Првата значајна компонента во рамки на реализацијата на овој проект, како што истакна заменик тим лидерот во проектот Емилија Спировска е скенирање на состојбата со водоснабдувањето во Делчево, Пехчево и Берово.
 
-Средба е од големо значење ,бидејки освен што се запознаваме со состојбата на терен, придонесуваме за еден нов начин на размена на искуства помеѓу комуналните претпријатија од Пијанечко-малешевскиот регион. Ваквиот пилот проект во кој се вклучени трите комунални претпријатија од Делчево, Берово и Пехчево има за цел нивно преструктурирање во современи претпријатија, рече Емилија Спировска.
 
Според Стојче Стојковски, директор на делчевското комунално претпријатие „Брегалница“, размената на искуства кои ќе произлезат од целиот процес, ќе придонесат за подобрување на квалитетот на вода во трите општини.
 
-Од овие средби ќе ги искористиме позитивните примери од соседните општини како што беше примерот со проектот за прочистување на отпадните води во Берово. Дел од искуствата ќе примениме и во нашето јавно претпријатие со што сум уверен дека по завршувањето на проектот, ќе излеземе како јавни претпријатија со повеќе знаења и вештини, се со цел за подобрување на квалитетот на вода и здравјето на граѓаните, рече Стојковски.
 
Додава дека во делот на институционалната поддршка предвидени се корпоративни мерки за развој во Јавното претпријатие за комунални дејности „Брегалница“, како и комуналните претпријатија од Пехчево и Берово.
 
Делчевскиот градоначалник Горан Трајковски апелираше, сите вклучени во проектот „Водоснабдување на Делчево“ максимално да се посветат во работата, со цел квалитетно и навремено да се испорачаат барањата од консултантите за успешен скрининг врз основа на кој наредниот период ќе се темели целиот процес.

Се зајакнува соработката помеѓу комуналните претпријатија од регионот Пијанец-Малеш

Posted by delcevo365.mk on Thursday, December 6, 2018

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*