67 крвни единици собрани во Делчево. Утре крв ќе се дарува во М.Каменица

Вкупно 67 крвни единици подарија крводарителите кои денес беа активно учесници на последната декемвриска акција за дарување крв во Делчево. Организаторот на крводарителската акција беше Општинската организација на Црвен крст од Делчево, која акцијата ја спроведе во соработка со институтот за трансфузиона медицина од Скопје. Според Јасмина Трајкова, од институтот за трансфузиона мединица, денешната акција се одвивала без проблеми, а делчевчани се покажале како хумани граѓани.
 
-Редовно одржуваме крводарителски акции со хуманите граѓани на Делчево. Денешната беше последна крводарителска акција за месец декември. Морам да признам дека особено сме задоволни со денешниот одзив на крводарителите од вашата општина, кои подарија вкупно 67 крвни единици. Статистички гледано денес лицата од машки пол подарија 59 крвни единици, додека останатите 8 крвни дарувања се резултат на желбат за крводарување од страна на припадничките од понежниот пол, рече Трајкова.
 
Трајкова додаде дека делчевчани добро стојат и во однос на годишниот предвиден план за крводарување, кој за оваа 2018 година во целост е исполнет.
 
Според предвидениот план за работа на општинската организација на Црвен крст Делчево, последна крводарителска акција за оваа година, утре ќе се одржи и во општина Македонска Каменица.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*