Во сообраќајна несреќа на патот Делчево-Кочани тешко повреден 44 годишен кочанчанец

Рано утрово на регионалниот патен правец Делчево-Кочани, кај селото Драмче дошло до судир меѓу камион и патничко возило. Според информациите на Гордана Панајотова, портпарол на СВР-Штип, во несреќата потешко е повреден возач на патничко возило.
 
-Несреќата се случила во 9 часот и 5 минути на патот Делчево-Кочани, во близина на село Драмче. Учесници во незгодата се возач на патничко возило Опел омега со кочански регистерски таблички и возач на товарно возило „Мерцедес“ со штипски регистерски таблички. Во несреќата 44 годишниот возач од Кочани се здобил со тешки телесни повреди, информира Панајотова.
 
Додава дека по несреќата повредениот возач бил префрлен најпрвин на клиничка болница во Штип, додека потоа истиот бил траснпосртиран во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
 
По извршениот увид детали за причините за несреќата ќе бидат соопштени дополнително.
 
Очевидци кои се движеле на споменатиот патен правец сведочат и за излетување на возило на патниот правец Македонска Каменица – Делчево кај селото Илиово. Како причина тие го наведуваат лизгавиот коловоз и неприлагодената брзина на возилото.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*