Светскиот шампион Бошко Стаменковски стана дел од Champions House Macedonia

Македонска Каменица, 11 декември 2018 – Светскиот и европски шампион во пауер-лифтинг, Бошко Стаменковски од Македонска Каменица, денес и официјално стана дел од клубот Champions House Macedonia. Стаменковски како дел од шампионскиот тим настапи на Европскиот Street Workout Куп кој се одржа во Холандија на кој македонската делегација се врати со четири освоени медали.
 
-Од денес и официјално станав член на овој би го нарекол шампионски клуб со кој изминатиот викенд настапив на „Калистенија Куп“ во Холандија. Овој куп беше пресуден јас да бидам поканет за официјален член што за мене претставува вистински предизвик за уште повисоки дострели како во пауер-лифтинг во кој сум неколку кратен шампион. Во Street work out од ден на ден се повеќе напредувам, а тоа го покажав на Калистенија Купот во Ајндховен каде имав прилика да ги проверам своите можности, информира Стаменковски.
 
Иако во Холандија замина со претходна повреда, шампионот во Street Workout настапи во дисциплината склекови, каде во силна конкуренција како највозрасен натпреварувач го освои четвртото место, додека и покрај повредата беше петти во Dips weight.
 
Освен светскиот шампион Стаменковски, на купот кој изминатиот викенд се одржа во Ајндховен, Дебников Атанас го освои сребрениот медал во дисциплината “Dips” и бронзениот медал во дисциплината “Push ups”, додека хрватскиот интернационалец кој настапува за Champions House Macedonia, Марко Гаиќ го освои сребрениот медал во дисциплината “Dips” и бронзениот медал во дисциплината “Weighted dips”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*