Екипата на ООУ „Ванчо Прке“ зонски шампион во училишна кошарка во женска конкуренција

Екипата на општинското основното училиште „Ванчо Прке“ од Делчево е шампион во зонското кошаркарско натпреварување во женска конкуренција за основни училишта. Со епитетот шампион екипата од Делчево се стекна откако без пораз ги заврши двата турнири одиграни во Кочани и Македонска Каменица. Со ова како што информираше директорот на училиштето Горан Велков, екипата ќе биде дел од регионалниот турнир во училишна кошарка.
 
-Честитки до екипата на Ванчо Прке која беше најдобра во оваа кочанска зона, во која покрај нашата екипа се натпреваруваа и екипи од Кочани и Македонска Каменица. Овие екипи заедно со екипата на Ванчо Прке од Делчево претходно беа победници во меѓуопштинските лиги. На тие натпревари во конкуренција од кошаркарски екипи од Берово, Пехчево и Делчево ние бевме најдобри по што добрите игри ги покажавме и на зонските турнири во Кочани и Македонска Каменица, каде одигравме 4 натпревари и бевме непоразени, рече Велков.
 
Додава дека како претставници на зоната од кочанскиот регион кошаркарите на ООУ Ванчо Прке од Делчево ќе бидат дел од регионалниот турнир на кој ќе се сретнат со најдобрите од регионите на Велес, Струмица и Куманово.
 
По одигрувањето на регионалните натпревари двете најдобри екипи влегуваат во финалните пресметки кои се играат во рамки на државната лига во која влегуваат најдобрите екипи од сите региони во Македонија. Организатор на натпреварите е Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*