Во СОУ „М.М.Брицо се одржа хуманитарна изложба како дел од Меѓународен проект за вмрежување

Во средното општинско училиште Методи митевски Брицо денес се одржа хуманитарна изложба како дел од Магичната меѓународна мрежа на пријателства. Како што истакна Габриела Христовска, ученичката во III година изложбата има хуманитарен карактер.

-Во изминатиот период ние учениците од III – 1 клас од општествено-хуманистичкото подрачје при гимназијата Методи Митевски Брицо, со професорката Билјана Ивановска по латински јазик, работевме  на меѓународен проект за вмрежување за пријателство, со кој што проект остваривме врска со професори и ученици од различни делови на светот. Како краен модул од овој проект е изработката на перничиња односно хуманитарната изложба кој денес ја организираме. Перничињата се изработени рачно, заедо со моите соученици кои вредно учествуваа во проектот ги изработивме за околу десетина дена. Средствата кои ќе ги собереме ќе бидат наменети во хуманитарни цели, рече Христовска.

Како дел од Магичната меѓународна мрежа на пријателства, делчевската гимназија има за цел да ги поттикне учениците и наставниците во остварување на една од целите на ОН, а тоа е до крајот на 2030 година да се обезбедат услови сите ученици да се стекнат со знаења и вештини кои ќе им бидат потребни за се обезбеди оддржлив развој, а по пат на едукација за оддржлив развој да се обезбеди и оддржлив стил на живот, рамноправност, да се промовира култура на мир и ненасилство и да се почитуваат различни култури.

Во овој проект учество земаат повеќе од 10.000 ученици од 30 земји од целиот свет, односно повеќе од 400 училишта, меѓу кои и гимназијата СОУ ,,Методи Митевски Брицо” од Делчево.

Хуманитарна изложба во СОУ „М.М.Брицо“ како дел од Меѓународниот проект за вмрежување

Posted by delcevo365.mk on Monday, December 17, 2018

Слајд шоу од денешната презентација!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*