Ракометниот клуб Делчево освои бронза на Меѓународен турнир во Бугарија

Со освоен бронзен медал, ракометниот клуб „Делчево“ се врати од Меѓународниот турнир „Георги Божиков“ кој се одржа во градот Горна Ораховица, Бугарија. Како што информираше тренерот на Делчевци, Горан Велков, освен бронзениот медал за најдобар стрелец на турнирот е прогласен Мирче Георгиев од екипата на делчевци.
 
-Во борбата за третото место ја совладавме екипата на ХК „Чардофон“ од Габрово која не можеше да ни пружи посилен отпор во малото финале. Што се однесува до нашиот пласман морам да изразам задоволство од прикажаното, најмногу ако се има во предвид неприликите кои ги имавме при патувањето како и неиграњето на тројца стандардни првотимци. Ако на тоа се придодаде и фактот што на првиот натпревар директно од автобус влеговме на терен, можам да кажам дека бронзениот медал е одличен резултат. На овој успех го придодаваме и тоа што нашиот ракометар Мирче Георгиев е прогласен за стрелец на турнирот, рече Велков.
 
На овој турнир покрај учесниците во малото финале, свое учество зедоа и домаќините, екипата на “Локомотив“ како и екипата на „Торо Спорт“ од Виница. На турнирот кој по 8 пат се одржа во Горна Ораховица, Бугарија, првото место и припадна на екипата на Торо Спорт од Виница која трофејот „Георги Божиков“ го освои со победа над домаќинот со 31:27.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*