Со „Здрава трпеза“ во Делчево денес најавена кампањата „Дијабетесот подалеку од детските градинки“

Воведување на здравиот начин на исхрана како начин на превенција во борбата против дијабетесот како болест која ги напаѓа децата уште од најмала возраст е целта на кампањата која во наредниот период, градинката „Весели Цветови“ од Делчево ќе ја реализира со повеќе институции од градот. Во таа насока денес во градинката по 6 пат се реализираше проектот „Здрава трпеза“. Како што информираше директорката на градинката „Весели Цветови“ Билјана Симовска, мотото на настанот годинава е „Пирамида на исхрана“.
-Пирамида на исхрана, затоа што сакаме на дечињата да им покажеме што е тоа, што количински најмногу треба да се користи во исхраната, а што најмалку. Настанот годинава ќе го искористиме да најавиме дека во во соработка со сите основни училишта, Здравствениот дом, Општина Делчево, Центарот за труд и социјални работи и политика во наредниот период ќе започнеме една би ја нарекле „жестока“ кампања, која ќе биде насловена како „Дијабетесот подалеку од детските градинки“. Целта ќе биде децата од мали нозе да научат како здраво да се хранат, за да не се соочуваат со тие „мали игрички“ кои со појавата на дијабетесот подоцна се користат, а се помасовно и помасовно се појавуваат во општината и тоа кај дечињата од најмала возраст, вели Симовска.
Со цел подобра примена на здравата исхрана Симовска додава дека во рамки на кампањата ќе бидат организирани повеќе обуки и работилници со вклучување на родителите и локалната самоуправа.
-Согледувајки ги и анализирајки ги работите, разговарајки со родителите колку тие знаат и имаат основни познавања во однос на здравата исхрана кај децата и колку ја истата ја применуваат во секојдневието, согледавме дека е потребно да организираме и повеќе работилници, и повеќе обуки и предавања и тоа со директно вклучување на вработените и родителите како и локалната самоуправа, потенцираше Симовска.
Здравата трпеза преку проектот кој е општо познат како „Здрава храна за детство без мана“ како што најавија од градинката „Весели Цветови“ ќе продолжи да живее и понатаму како неминовен дел од здравиот развој на децата.

ОЈУДГ ,,Весели Цветови" преку денешната „Здрава трпеза“ најави кампањска борба против дијабетесот

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, December 18, 2018

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*