Денес е Свети Никола , заштитник на патниците, децата и сиромашните

Све­ти Ни­ко­ла е еден од нај­по­чи­ту­ва­ни­те светци, a го сла­ват и пра­вос­лав­ни­те и ка­то­ли­ците, но и дел од мус­ли­ма­ните, осо­бе­но во Тур­ција.

Во Ма­ке­до­ни­ја и во све­тот има без­број цр­кви, ма­нас­тири, ико­ни и фрески, кои се по­све­те­ни на овој све­тец. Мно­гу ма­ке­дон­ски се­меј­ства ве­чер со бо­га­та посна трпе­за на ко­ја пре­ов­ла­ду­ва­ат ри­ба­та и посни­те сар­ми ќе го просла­ват праз­ни­кот. Све­ти Ни­ко­ла е еден од нај­са­ка­ни­те хрис­ти­јан­ски светци.

Овој све­тец имал мно­гу воз­буд­ли­ва жи­вот­на при­казна, ко­ја со ве­ко­ви ги фас­ци­ни­ра хрис­ти­ја­ните. Ро­ден во ма­ло­а­зис­ки­от град Па­тара, прис­та­ниш­те на ме­ди­те­ран­ски­от брег на де­неш­на Тур­ција, све­ти Ни­ко­ла жи­ве­ел во 4 век, мно­гу пред рас­ко­лот по­ме­ѓу пра­вос­лав­на­та и ка­то­лич­ка­та цр­ква од 1054 го­дина.

Не­го­ви­те бо­га­ти ро­ди­те­ли Те­о­фан и Нина, си­нот Ни­ко­ла го до­би­ле во вре­ме на вла­де­е­ње­то на рим­ски­от цар Ва­ле­ри­јан (253 – 260 го­дина), ал­чен чо­век што по­ра­ди страс­та за зла­то­то ор­га­ни­зи­рал во­ен по­ход на Пер­сис­ко­то цар­ство. Пер­сис­ки­от крал Ша­пур го за­ро­бил во бит­ка­та кај Едеса, го по­ни­жу­вал во за­лож­ниш­тво­то и, на кра­јот, го убил си­пај­ќи му ис­то­пе­но зла­то низ гр­лото, ка­ко сим­бол на не­го­ва­та алчност.

Би­деј­ќи Ва­ле­ри­јан бил прв (и ос­та­нал единствен) рим­ски цар што е за­ро­бен во борба, не­го­во­то за­лож­ниш­тво и смрт пре­диз­ви­ка­ле бран нес­та­бил­ност во Рим­ска­та им­пе­рија.

Од све­ти Ни­ко­ла до Де­до Мраз

По цр­ве­ни­от плашт и бе­ла­та бра­да пот­се­ту­ва на де­нес мо­дер­ни­от при­каз на Де­до Мраз. Во по­но­во време, бла­го­да­ре­ние на рек­ла­ми­те и пот­ро­шу­вач­ко­то оп­штес­тво, нај­поз­нат е ка­ко Де­до Мраз (Сан­та Клаус, скра­те­но од Сан­та Ни­ко­ла­ус – Све­ти Ни­кола). До­де­ка на пра­вос­лав­ни­те ико­ни е при­ка­жан ка­ко ви­сок чо­век во препоз­нат­лив цр­вен плашт, со епис­коп­ска мит­ра на гла­ва­та и со стап во рацете, ка­ко ги да­ру­ва де­ца­та со по­да­ро­ци од вре­ќата, пот­ро­шу­вач­ко­то оп­штес­тво тоа мал­ку го „за­чи­нило“. Црве­ни­от плашт ос­та­нал, ка­ко и дол­га­та се­да брада, но се до­да­де­ни ирва­си­те што ги вле­чат сан­ки­те со кои Де­до Мраз го оби­ко­лу­ва све­тот во те­кот на Бад­ни­ко­ва­та ве­чер.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*