Рекорд во Делчево: Елена Ангеловска постигна 73 поени во прволигашка и кадетска конкуренција!

Младинскиот кошаркарски репрезентативец Елена Ангеловска, инаку кошаркарка на прволигашот Клубски Патриот, денес постигна личен рекорд, со што ги сруши границите на невозможното кога станува збор за играч на нејзина возраст.

Одигрувајки два натпревари, репрезентативката Ангеловска постигна вкупно 73 поени, што беше и нејзиното најдобро остварување за екипата од Делчево.

Во првиот натпревар во рамки на прволигашката пресметка која екипата на Пелистер ја доби со 51:73, Ангеловска постигна вкупно 41 поени, додека бројката од 73 поени ја заокружи со настапот на вториот натпревар во кој таа настапи за кадетската екипа на Клубски Патриот и постигнувајки 32 поени повторно беше најдобар стрелец во тимот на делчевки.

Голема заслуга за овој успех имаат сите кошаркарки од екипата Делчево, а особено нејзината сестра Ана Ангеловска, која одлично и асистираше и на двата натпревари.

Со денешната одлична игра и победата од 73:53 против екипата на битолски Пелистер, младите делчевки триумфално го завршија есенскиот дел од првенството во кадетска конкуренција.

Честитки за рекордот на репрезентативката Ангеловска, честитки и до кадетките за денешната убедлива победа против врсничките од екипата на Пелистер.

 

1 Trackback / Pingback

  1. ЧУДО ОД ДЕТЕ ОД ДЕЛЧЕВО: На два натпревари во еден ден постигна вкупно 73 поени! - Sportski

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*