Одржан завршниот Новогодишен концерт на Центарот за култура од Делчево

Вечерва во Делчево се одржа завршен новгодишен концерт на делчевскиот Центар за култура на кој настапија Фолкорната група ,Вапцаров“, Оркестарот на народни и изворни инструменти и Пејачката група „Ѓурѓа“. За Слободан Илиоски, раководител на музичката дејност при Центарот за култура, ова беше успешна година за делчевската културна установа, најмногу поради тоа што повторно на сцената во Делчево се вратија неколку реномирани манифестации.
 
-Тука ќе ги спомнам и традиционалниот Меѓународен фестивал „Голачки фоклорни средби“, Фестивалот за деца „Пијанечки бисери“ , Интернационалниот фестивал „Балканот игра и пее“ и други. Тоа се манифестации кои ги организиравме во соработка со општина Делчево кои се надеваме дека ќе ги продолжиме и во 2019 година, рече Илиоски.
 
За младиот кореограф Кристијан Трајановски беше задоволство на крај на годината преку својот завршен настап да се сублимираат резултатите на групата кои беа постигнати во 2018 година.
 
-Фолклорната група „Вапцаров“ оваа година учествуваше на неколку концерти во и надвор од државата. Учествувавме на Меѓународни фестивали во Словенија и Турција. Ова е концерт на кој се претставуваме со најголем дел од кореографииите со кои сме настапиле на тие концерти. Вечерва истотака премиерно ја изведовме кореографијата „Копачија“. Се надеваме како група која брои над 120 членови дека и во 2019 година ќе имаме уште повеќе успешни настапи, истакна Трајановски.
 
По концертот, како што информираше директорот на установата Методи Толевски, културните активности во градот продолжуваат утре, со прикажување на филмот „Исцелител“.
 
-На огромно задоволство на сите љубители на кино прикажувањето утре и задутре 27 и 28 декември ги поканувам сите љубители заедно да го погледнеме едно од најдобрите македонски филмски изданија кој е потенцијален кандидат за Оскар, филмот Исцелител чие прикажување е закажано за 19 часот, информира Толевски.
 
Завршниот концерт кој го организираше Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ се реализираше во соработка со Општина Делчево со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.

Изјави од организаторите на завршниот Новогодишен концерт на НУЦК Н.Ј.Вапцаров!

Posted by delcevo365.mk on Wednesday, December 26, 2018

"Жени се Радо, додек' си млада" – Изведба на фолклорна група "Вапцаров"

Posted by delcevo365.mk on Wednesday, December 26, 2018

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*