Се зголемува интересот на младите за пеење во црковен хор во Делчево

Во Делчево се поголем е бројот на ученици кои сакаат да станат дел од детскиот црковен хор. Како што информира Протоереј Александар Васев, инаку старешина на храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Делчево, секоја недела се одржуваат заеднички проби со децата кои редовно го посетуваат црковниот хор.
 
-Делчевското архиерејско намесништво од Брегалничката епархија, е во постојана иницијатива за афирмација на црковното пеење, особено преку учество на децата кои во последно време покажуваат се поголем интерес за учество во црковните активности кои предвидуваат хорско пеење. Поведени од таа желба,ние секоја недела одржуваме средби на кои заинтересираните дечиња ги учат тајните на црковното пеење. За пробите кои ги вршиме со учениците имаме свој сопствен простор во самата црква. Наредната средба со детскиот хор ќе се одржи веќе на 30 декември, при што имаме најава за прием на уште една група од дваесетина дечиња, информира протоереј Васев.
 
Со самото зголемено учество на учениците кои посетуваат црковен хор, свештенството при црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Делчево оваа година реши да иницира традиција стара неколку години која е карактеристична за православниот свет. По повод Христовото раѓање – Божик, во недела на 6 јануари 2019 година, за прв пат во Делчево ќе се одржи Бадникова поворка. На Божиќната поворка свое учество може да земат сите заинтересирани дечиња кои сакаат да учествуваат, но исто така поканата од црквата важи и повозрасните граѓани.
 
Како што информираат од делчевскиот храм, Бадниковата поворка во Делчево на 6 јануари 2019 година ќе тргне од 10 часот од храмот ,,Успение на Пресвета Богородица“ и истата ќе се движи до параклисот „Свети Kлимент“ со враќање до старата црква, каде децата ке бидат пречекани и ќе им бидат поделени Божиќни подароци.
Еве како младите го негуваат црковното хорско пеење во рамки на неодамнешното одбележување на празникот Пресвета Богородица Пречиста.

Црковно пеење на детскиот хор по повод Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста

Црковно пеење на детскиот хор по повод Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, December 4, 2018

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*