Премиера на филмот “Исцелител” во Делчево

Со прикажување на филмот ,,Исцелител” вечерва продолжува богатата новогодишна културна понуда во Делчево. Како што информираше директорот на НУЦК ,,Никола Јонков Вапцаров”, Методи Толевски, со прикажувањето на македонскиот филмски кандидат за Оскар, филмот “Исцелител”, во Делчево се враќа кино-проекцијата.

– Вечерва и утре 28 декември делчевчани ќе имаат можност повторно да видат една филмска проекција. Премиерно во киносалата ќе биде прикажан македонскиот кандидат за ,,Оскар” , филмот ,,Исцелител”. Имаме најава за посетители и од другите околни градови што значи дека го предизвикавме интересот кај љубителите на филмската уметност. Мојата идеја како директор е повторно да ја заживееме фимската уметност во нашиот град, рече Толевски.

Додаде дека кино проекциите денес и утре се закажани со почеток во 19 часот.

Со кино проекциите на филмот ,,Исцелител” завршува богатата културна понуда во Делчево за 2018 година. Следната културна активност во организација на НУЦК ,,Н.Ј.Вапцаров” од Делчево ќе се одржи на 17 јануари 2019 кога во Делчево концерт ќе одржи гудачкиот квартет ,,Вива Стрингс”

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*