Делчево доби мултикултурен центар!

На пригодна свеченост со новогодишен коктел денес во Делчево беше ставен во функција новиот мултикултурен и мултифункционален центар. Истиот е заедничка инвестиција на Општина Делчево, Јавната локална библиотека „Илинден“ и Невладината организација „Бравура кооператива“ и се наоѓа на вториот кат од Спомен домот АСНОМ.
 
Како што истакна Горан Трајковски, градоначалникот на општина Делчево, центарот треба да придонесе за унапредување на учеството на граѓанскиот сектор и граѓаните на општина Делчево во креирањето на локалните политики.
 
-Во оваа просторија ќе бидат одржувани и седници на Советот на општина Делчево, состаноци со претставниците на граѓанскиот сектор, а исто така овде ќе биде сместена и просторијата за склучување бракови, нешто што одамна му требаше на овој град. Мора да истакнам дека во партнерство со локалната библиотека, уредивме и читална што му дава посебен белег на овој простор во Спомен домот АСНОМ кој досега не беше искористен и кој сега го ставаме во функција на граѓаните. Нека е аирлија почетокот на функционирање на овој мултикултурен центар, со што во новата 2019 година посакуваме овде да бидат донесени многу корисни одлуки, да бидат прочитани квалитетни книги, како и да бидат склучени многу бракови, истакна Трајковски.
 
Како што истакна директорката на библиотеката Билјана Петровска,со реализацијата на овој проект ќе се овозможат подобри услови за читателската публика од Делчево.
 
-Голем број книги досега се чуваа на таванските простории на третиот кат во несоодветни услови. Со новата читална дел од проблемот е решен. Имаме голем број стручна литература која не се издава, а студентите сега можат да ја користат и да ги подготвуваат своите испити, истакна Петровска.
 
Мултикултурниот центар во Делчево е дел од проектот „Одговорни пред одговорностите“ кој е имплементиран од страна на Хуманитарното здружение „Бравура кооператива“, во партнерство со Општина Делчево, ЈЛБ „Илинден“, ООУ „Св.Климент Охридски“ и Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“.
 
Проектот е субгрант од проектот „Здружени сили за заеднички интереси“, имплементиран од страна на ЦОСВ подружница Прилеп во партнерство со ЦГИ Прилеп и ЖГИ Антико од Скопје, финансиран од Европска Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско општество и медиуми 2014.

Делчево доби нов мултифункционален и мултикултурен центар!

Posted by delcevo365.mk on Friday, December 28, 2018

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*