Ставен во функција мултукултурниот центар во Делчево

Со пригодна свеченост и новогодишен коктел денес во Делчево беше ставен во функција ноциот мултикултурниот и мултифункционалниот центар. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ, а истиот е ѕаедничка инвестиција на Општина Делчево, Јавната локална библиотека „Илинден“ и НВО „Бравура кооператива“ од Делчево.
 
Како што истакна градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски, кој ценнтарот го отвори во присуство на претставници на бизнис заедницата од Делчево, истиот треба да придонесе за унапредување на учеството на граѓанскиот сектор и граѓаните на Општина Делчево во креирањето на локалните политики.
 
-Во оваа просторија ќе бидат одржувани и седници на Советот на општина Делчево, состаноци со претставниците на граѓанскиот сектор, овде истотака ќе биде сместена и просторијата за склучување бракови, нешто што одамна му требаше на овој град. Мора да истакнам дека во партнерство со локалната библиотека, уредивме и читална, така што овој простор во спомен-домот АСНОМ кој досега не беше искористен, сега го ставаме во функција на граѓаните. Нека е аирлија почетокот на функционирање на овој мултикултурен центар со што посакуваме во новата 2019 година, овде да се донесат многу убави одлуки, да се прочитаат квалитетни книги и да се склучат многу бракови, истакна Трајковски.
 
Директорката на Јавната локална библиотека „Илинден“ истакна дека ова е ѕначаен проскт особено ѕа делчевската библиотека бдиејки по 6 години библиотеката добива нов уреден простор.
 
-Голем број книги досега се чуваа на таванските простории на третиот кат во несоодветни услови. Со новата читална дел од проблемот е решен. Имаме голем број стручна литература кој не се издава, а студентите сега можат да ја користат и со новата читална е решен и дел од овој проблем. Огромно е задоволството што има голем интерес од страна на студентите и веќе тројца од студенти најавија дека од понеделник испитите ќе ги подготвуваат во овој нов простор. Имаме огромен број книги, дневни весници и стручна литература со што сите граѓани ќе можат да ја користат читалната, истакна Петровска.
 
Мултикултурниот центар во Делчево е резултат на проектот „Одговорни пред одговорностите“ кој е имплементиран од страна на Хуманитарното здружение за помош на лица со посебни потреби „Бравура кооператива“, во партнерство со Општина Делчево, ЈЛБ „Илинден“, ООУ „Св.Климент Охридски“ и Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“.
 
Проектот е субгрант од проектот „Здружени сили за заеднички интереси“, имплементиран од страна на ЦОСВ подружница Прилеп во партнерство со ЦГИ Прилеп и ЖГИ АНТИКО од Скопје, финансиран од Европска Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско општество и медиуми 2014.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*