За најдобар фудбалер кој не е од М.Каменица, ФК ,,Саса” го прогласи делчевецот Даниел Гоцевски

Уште едно признание за делчевските спортисти. Даниел Гоцевски е прогласен за најдобар фудбалер на ФК ,,Саса” кој не е од М.Каменица. Наградата на поранешниот фудбалер на ,,Силекс”, “Осогово” и  ,,Брегалница Делчево”, му беше доделена синоќа на завршната церемонија по повод јубилејот 50 години – ФК Саса.

Гоцевски во првиот дел од сезоната го имаше најдобриот свој настап за екипата на Саса за која настапува веќе трета сезона. Гоцевски годинава го постигна и еден од најефектните погодоци против екипата на Борец кога под сомнителни околности со помош на судиите Борец во Каменица победи со 1:2. Видео тука!

Честитки до Гоцевски на кој му посакуваме успешна 2019 година во клубот од Каменица.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*