Кино проекција по пауза од 10 години во Пехчево

По пауза од 10 години во Пехчево повторно ќе се прикажува филм. Како што информираше директорот на пехчевскиот дом на култура, Ана Марија Теохарова за враќањето на кино проекцијата во Пехчево ќе биде задолжен македонскиот кандидат за Оскар, филмот на режисерот Ѓорче Ставрески, “Исцелител”.

-Ова е прва кинопроекција на игран филм во Дом на култура ,,Јане Сандански”- Пехчево после речиси 10 години. Нашата интенција е овој филм да послужи како поттик во градот повторно да заживее кино проекцијата. Се надеваме дека ова ќе биде полн погодок особено за младите и љубителите на филмот кои досега за кино проекции мораа да патуваат во главниот град и со тоа да ги задоволат своите филмски апетити, рече Теохарова.
Додава дека премиерата на филмот ,,Исцелител” во Пехчево е закажана за 4 јануари во Домот на културата ,,Јане Сандански” во Пехчево.
Теохарова која од неодамна е нов директор на пехчевскиот дом на култура за во иднина најави поголем број на културни активности и враќање на дел од манифестациите кои на времето беа препознатливи за градот Пехчево. Таа упати повик до сите млади од Пехчево своите предлози и иницијативи да ги достават своите идеи и предлози со кои ќе придонесат во збогатување на културниот живот во градот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*