Се подготвува електронски алманах на роднокрајците од Делчево

Здружението на роднокрајни автори Пијанечки глас, Делчево, подготвува Алманах на дела од роднокрајни поети, прозаисти, хумористи, собирачи на народната уметност и автори на други пишани текстови, кои се на воздраст над 18 години и кои се докажале со своето творештво појавувајки се во преодиката или издавајки свое-и авторски дела.

Текстот на сите што се пријавуваат е предвидено да се достави во ворд документ, Ариел 11, со авто(биографија), фотографија и 5 страни авторски труд, најдоцна до 8 јануари, на меил адресата: glas_pijanecki@yahoo.com.

Потоа ќе следи умножување на Алманахот на ЦД, во 100 броја и дружење на авторите, на забавно поетска вечер (бидејки ќе преовладува поезијата), кога и ќе ја промовираме оваа електронска Збирка на роднокрајци, насловена како „Творам- постојам“.

Свое учество покрај поетите, досега пријавија и прозаисти и хумористи и истражувачи, а рокот го продолживме заради големиот интерес на негувачи на пишаниот збор, кој досега ја надминува бројката од триесетина посериозни, а и да не биде некој онеправдан ако информацијата не допрела благовремено до него.

„Поезијата може да размести кандилца во ноќта“, рекол Дарвиш Махмуд а јас се чувствувам, благословено што по подолго отсуство, се враќам на полето на поезијата и магијата на зборот, преку овој проект, на радост и задоволство на големиот број негувачи на свое напишаното. Преку дружење, со позитивен духовен трепет, со изблик на зборови и со силината на свилените нишки или густината на медот, да ги разместиме кандилцата во таа ноќ на зборот, на шепотот, на нежноста, на убавината, на слогата, на творењето- постоењето… на ноќ- незаборав. 02.01.2019 ЗРА ПИЈАНЕЧКИ ГЛАС Делчево Делчево Претседател, Перса Стојановска.

Проектот е реализиран со финансиска поддршка од Градоначалникот на Општина Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*