Поради пренатрупаност со возила се попречува работата на Здравствениот дом во Делчево

Отежната работата на Итната медицинска помош во Делчево. Причина за оваа состојба како што информираше директорката на Здравствениот дом во Делчево, Марија Глигоровска, е пренатрупаноста со возила кои го окупираат паркингот на здравствената установа и со тоа го попречуваат работењето на здравствената установа.

-Ние во координација со полицијата разговараме за тој проблем, меѓутоа никако не можеме да најдеме решение околу паркирањето во кругот на болницата, заради тоа што сите возачи сметаат дека тој простор е наманенет исклучиво за нив што апсолутно не е така. На влезот на амбулантата секој возач кој има положено возачки испит многу лесно може да види дека е забрането задржување и особено паркирање во кругот на амбулантата. За жал ова не се почитува, бидејки возилата откако ќе ги донесат пациентите, не се паркираат на соодветниот паркинг кој се наоѓа на 10 метри надвор од амбулантата, туку го окупираат внатрешниот простор, со што во повеќе наврати го отежнуваат движењето на нашите возила, вели Глигоровска.

Ова го потврдуваат и пациентите кои велат дека понекогаш мора да газат на тревнатиот простор со цел да не бидат згазнати од возачите. Поради ова Глигоровска со апел до возачите да се разбуди свеста за овој проблем, бидејки неговото решавање е во интерес и на самите нив.

-Ги замолуваме возачите особено таксистите кога ги донесуваат пациентите да ни помогнат и на нас и на себе и на пациентите, да паркираат на соодветниот паркинг кој се наоѓа на паркиралиштето кое е доста големо. На тој начин ќе овозможат непречена работа најмногу на Итната помош, која многу поолеснето ќе си ја извршува работата, вели Глигоровска.

Kако резултат на несовесното паркирање на возачите во кругот на делечвскиот здравствен дом oд амбулантата во Делчево потврдуваат дека неретко се случуваат и несакани инциденти.

Возила го окупираат просторот пред Здравствен дом Делчево!

Posted by delcevo365.mk on Friday, January 4, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*