Богослужба во чест на Св.Наум Охридски Чудотворец во крстилницата во Делчево

Во чест на Св.Наум Охридски Чудотворец денес во крстилницата посветена на еден од основоположниците на македонска писменост и просвета, во Делчево се служеше утринска литургија. Свештеникот Јован Џаџовски, кој ја одржа литургијата, рече дека овој празник е ден кога се слави исцелителот и просветител на македонскиот народ.
 
-Нашата Света Православна Црква денес го одбележува празникот посветен на Преподобен Наум Охридски Чудотворец, средновековенсловенски научник, писател, учител, и еден од основоположниците на словенската писменост и македонската писменост и просвета. Свети Наум му беше најблизок соработник на божествениот Климент, а и на светите браќа Кирил и Методиј. Со последниве тој беше заедно во нивната мисија во Моравија. Потоа некое време престојуваше во престолнината на Бугарија, Плиска, а најпосле дојде да биде учител во охридско, во времето кога Климент стана епископ. Потоа тој основа манастир на Охридско езеро, денешниот Свети Наум, каде ги помина последните 10 години од животот. Мирно се успокои во Господа, како монах, во 910 година. Тој до денес не престанува да чудотвори. Посебно е познат како исцелител на душевно болни. Крстилницата Свети Наум Охридски Чудотворец која е дел од големата црква Св.Кирил и Методиј во Делчево е осветена во 2013 година и од тогаш до денес секоја година се служи литургија во чест на ученикот на сесловенските браќа, рече Џаџовски.
 
Со овој празник практично започнува празнувањето на Христовото раѓање – Божик. Како што информираат од црквата во Делчево, утре на граѓаните кои ќе го посетат храмот Успение на Пресвета Богородица ќе им бидат поделени Бадникови гранчиња, додека за прв пат во Делчево ќе се одржи и Бадникова поворка. Поворката од нашата црква ќе тргне од 10 часот и истата ќе се движи до параклисот „Свети Kлимент“ и пак враќање до старата црква, каде децата ке бидат пречекани и ќе им бидат поделени Божиќни подароци.
 
Како што додаваат од делчевскиот храм, традиционално по повод Христовото раѓање – Божик ќе се одржи утринска божествена литурија.

Во крстилницата во Делчево се одржа богослужба во чест на Св.Наум Охридски Чудотворец!

Posted by delcevo365.mk on Saturday, January 5, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*