Поголема колона возила два часа чекаат за влез во Република Македонија

Околу два часа им се потребни на македонските државјани од Република Бугарија да влезат на територијата во Република Македонија. На бугарскиот граничен премин во близина на Делчево, од рано утрово е забележлива поголема колона од возила. Како што информираат патници кои од Бугарија патуваат кон граничен премин Делчево, причината за задржувањето е пад на електронскиот систем.
 
-Чекаме од 9 часот сабајле, ни рекоа дека има пад на електронскиот систем кој го регулира движењето на патниците. Информација до кога ќе трае задржувањето се уште немаме. На ова ладно она што ни преостанува е да чекаме во автомобилите, друг избор и немаме, велат македонски патници кои во моментот се наоѓаат од другата страна на граничниот премин Делчево.
 
Патниците кои се движат од границата на Република Македонија кон соседна Бугарија засега го немаат тој проблем. Од информациите на самите патници, во моментот сите потребни проверки траат кратко и не е забележано поголемо задржување.
 
Зголемување на интензитетот на сообраќајот на споменатиот граничен премин се очекува во попладневните часови кога поради пазарниот ден граѓаните од соседна Република Бугарија од Делчево се враќаат кон својата држава.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*