Екстремно ниските температури штетно ќе се одразат врз овошните насади

Екстремно ниските температури кои го зафатија Пијанечко-малешевскиот регион може штетно да се одрази по овошните насади сметаа агрономите. Според делчесвските агрономи, штетата врз овошките ќе биде помала доколку температурите се движат во рамки на минус 15 степени целзиусови.
 
-Доколку ниските температури продолжат, а според метеоролозите се најавува остра зима, повеќе со голомразица, сигурно дека ќе се одрази штетно на овошките. Затоа треба да се врши контрола на самите насади. Доколку се задржат овие температури повеќе од месец дена и истите се движат до минус 20 степен, сигурно ќе се одрази штетно врз овошните насади, велат агрономите.
 
Додаваат дека во тој случај доаѓа до измрзнување и потерување на овошките.
 
-Тоа најмногу ќе се покаже со сокодвижењето напролет кога ќе дојде до дехидрација на цели стебла. Затоа за да нема вакви состојби, претходно ова може да се ублажи со солидна исхрана на овошките која треба да е подготвена во текот на есента со употреба на арско ѓубриво и минимална резидба. Но, резидба никако не треба да се прави кога температурата е екстремно ниска, туку треба да се следи временската состојба и спрема тоа да се постапува соодветно, додаваат делчевските агрономи.
 
Засега студот не се очекува да предизвика проблеми кај житните култури. Како што велат агрономите на есенските житни посеви евентуална снежна покривка им е повеќе од потребна. Снег според прогнозите може да се очекува кон крајот на неделата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*