Берово го доби првото новороденче во 2019 година

Четири часа по полноќ, на 6 јануари, во Здравствениот дом во Берово, мајката Јулија Новоселска, на свет го донесе првиот жител на Општина Берово за 2019 година. Првороденото дете во Берово за 2019 година е машко, што според Беровци навестува богата и бериќетна година.
 
Бебето е родено со тежина од 2.550 грама и во должина од 48 сантиметри. Момчето се роди точно на Бадник, ден пред раѓањето на Исус Христос, што според беровчани навестува бериќет и плодна година за Берово.
 
Како награда за првородено дете кое е родено на територијата на Општина Берово во новата 2019 година, градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски  од Буџетот на општината ќе одвои 6 илјади денари., 
 
-На мајката Јулија и честитам за нејзината рожба, а на новороденчето му посакувам пред се добро здравје, многу среќа и долг живот. Приликата ја користам на младите да им порачам, оваа година, да биде година, во која ќе ги прошируваат своите смејства. Во традиционалното семејство, децата се најголемо богатство. Зголемувањето на наталитетот е приоритет на локалната заедница, која подржувајќи ги владините политики ги стимулира и помага многудетните семејства, истакна Пекевски.
Новороденчињата кои беа родени во изминатата 2018 година од Буџетот на општината добија финансиска поддршка во висина од над 100 илјади денари. Како што најавија од општината, оваа поддршка ќе продолжи и во текот на оваа година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*