Крводарителите од Делчево и М.Каменица во 2018 подариле 776 крвни единици

Со целосно остварен годишен план за крводарување Општинската организација на Црвен крст Делчево зад себе имаше успешна 2018 година. Според податоците на Невенка Христова од општинската организација на Црвен крст, во 2018 година во Делчево и Македонска Каменица крводарителите подариле 777 крвни единици.

-Морам да кажам дека годишниот план за крводарување во изминатата 2018 година беше целосно остварен дури би рекла и надминат. Околу 110 проценти е реализацијата на годишниот план за работа или 776 собрани крвни единици. Ова е ослична бројка која покажува дека крводарителите од Делчево и Македонска Каменица биле активни и целосно ја покажале својата хуманост на дело. Во вкупната бројка на собрани крвни единици влегуваат и оние кои се собрани од крводарителските акции кои ги реализиравме со претставници на Министерството за внатрешни работи. На сите крводарители јавно им се заблагодарувам и им посакувам добро здравје и уште многу акции во 2019 година, истакна Христова.

Во 2018 во Делчево и Македонска Каменица се спроведени вкупно 15 крводарителски акции од кои 10 акции во Делчево и 5 во Македонска Каменица. Општинската организација на Црвен крст Делчево организирала и 3 крводарителски акции со припадниците на Министерството за внатрешни работи.

Првата крводарителска акција во Делчево за 2019 е закажана за 10 јануари, четврток со почеток во 9 и 30 часот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*