Сообраќајот на патниот правец М.Каменица – Делчево се одвива со потешкотии

Како што информираат возачи со потешкотии се одвива сообраќајит на патниот правец Македонска Каменица – Делчево. Возачите велат дека ситуацијата е најкритична во делот кај село Луковица каде три камиони кои се движеле накај М.Каменица стојат заглавени. Возачите кои се враќаат од Скопје апелираат за внимателно возење кај таканаречената ,,црна точка” каде поради лизгавиот коловоз може да дојде до лизгање. Сообраќајот како што информираат возачите се одвива по снежни коловози долж патниот правец. Потешкотии според информации на возачи има и на патниот правец Делчево – граничен премин каде сообраќајот се одвива со намален интензитет.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*