Стаменкова: Општината будно ја следи состојбата со загадувањето на Каменичка Река

Утрово, стручни служби од општина Македонска Каменица излегоа на терен, при што ја констатираа состојбата со загадувањето на водите во Каменичка Река. Службите од Општината исто така го посетија и Рудник САСА, од каде е потврдена информација за дефектот. При посетата е утврдено дека истиот е отстранет и истекувањето на хемикалии и штетни материјали во Каменичка Река е запрено. За утврдената состојба и настанати штети, веднаш се известени Центарот за управување со кризи и Министерството за животна средина. Веќе се земени и примероци од вода кои се испратени на испитување.
Стручните служби ја следат состојбата и во текот на наредниот период ќе бидат преземени сите мерки за нормализирање на состојбата и санирање на штетата која дополнително ќе биде утврдена.

Утрово, стручни служби од општина Македонска Каменица излегоа на терен, при што ја констатираа состојбата со…

Posted by Соња Стаменкова – Градоначалник на Македонска Каменица on Wednesday, January 9, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*