Врачени решенијата на стипендистите од Општина Делчево

Градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски денеска ги додели решенијата за учениците и студентите од Делчево кои ќе добиваат стипендии за учебната 2018/2019 година. Годинава согласно предвидените критериуми и исполнетите услови од јавниот конкурс, стипендии добија вкупно 12 средношколци и 9 студенти на кои од буџетот на општината Делчево истите им се доделуваат за период од 9 месеци. Како што истакна градоначалникот Трајковски, со овој потег, интенција на општината е стимулирање на младите за поголеми успеси во образованието.
 
-Ми претставува посебно задоволство што еве и денеска го заокружуваме процесот со кој доделуваме ученички и студентски стипендии на нашите млади талентирани ученици и студенти. Повторно ќе истакнам дека сум горд на успесите на нашите ученици, но и на квалитетот на наставниот процес во делчевските училишта. Јас, во оваа прилика, им порачувам на талентираните ученици да продолжат да постигнуваат резултати во образованиот процес, да се натпреваруваат со знаења, бидејќи тоа ќе ги изгради како личности во животот и ќе им го зацрта професионалниот пат, рече Трајковски.
 
Додаде дека бројот на предвидени стипендии од минатата година од 12 е зголемен на 24 стипендии.
 
Оваа година почитувајќи ги критериумите, комисијата одлучи да се доделат 12 ученички стипендии во двете категории и во износ од 1000 денари, односно 1,500 денари и 9 студентски стипендии во износ од 2000 денари, односно 3,500 денари, средства кои ќе се исплаќаат за период од 9 месеци, а се обезбедени од Буџетот на Општина Делчево.
 
Како поддршка од општината годинава се доделени и три стипендии на првенците на генерацијата во трите училишта, потоа награди за освоени високи места на државни и меѓународни натпревари, а Општина Делчево секоја година доделува и наградно патување низ Европа на десетте најдобри матуранти од делчевската гимназија „Методи Митевски – Брицо“. За овие награди и стипендии, општина Делчево минатата година има исплатено 780.000 денари, износ кој е проектиран и во буџетот на општината за 2019 година.

Врачени решенијата на стипендистите од Делчево!

Posted by delcevo365.mk on Thursday, January 10, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*