Интервју со Љупчо Чучуковски по повод јубилејот 5 години – ПСК „ГОЛАК“ Делчево

Планинарскиот спортски клуб „Голак“ во јануари одбележува 5 години од своето постоење. По тој повод разговаравме со претседателот на ПСК „Голак“, Љупчо Чучуковски кој накратко низ свој подготвен материјал ни ги раскажа најважните детали кои се важни за одбележувањето на овој 5 годишен јубилеј. Текстот ви го пренесуваме во целост.
 
Почитувани сограѓани на Општина Делчево, регионот Пијанец-Малеш како и сите граѓани на Македонија.
 
Како Претседател на ПСК ГОЛАК Делчево и огранокот ПСК СОСНА Берово,од мое лично име и од име на клубот Ви ја честитам Новата година и божиќните празници со многу здравје, љубов, среќа, успех, спокој.
 
Пред да дадам краток отчет на ПСК ГОЛАК Делчево,за измината 2018 година, накратко ќе дадам краток отчет за изминатите 5 години, бидејќи сега во месец јануари полниме 5 години, откако се регистриравме во Централен регистар и го добивме решението.
 
Пред да дадам краток отчет на ПСК „ГОЛАК“ Делчево,за измината 2018 година, накратко ќе дадам краток отчет за изминатите 5 години, бидејќи сега во месец јануари полниме 5 години откако се регистриравме во Централен регистар и го добивме решението.
 
На почетокот на 2015 година станавме членка на ФПСМ.
 
Досега учествувавме на 140 планинарски маршеви,од кои 105 се во наша организација, додека останатите 35 се во организација на други планинарски клубови и друштва од Македонија и странство.
 
Вкупно учествувале 2 200 луѓе, од кои 2 000 луѓе биле на маршеви кои ги организиравме ние, додека на останатите маршеви учествувале 200 луѓе.
 
Досега учествувавме на 140 планинарски маршеви, од кои 105 се во наша организација, додека останатите 35 се во организација на други планинарски клубови и друштва од Македонија и странство, (Колорадо) – САД, Јура (Швајцарија), Олимп (Грција), Рила (Бугарија), Пирин (Бугарија)………..
 
 
До 1500 м.н.в. – 23
Од 1500-2000 м.н.в. – 23
Од 2000-2500 м.н.в. – 18
Од 2500-3000 м.н.в. – 11
Од 3000-4000 м.н.в. – 1
Од 4000-5000 м.н.в. – 2
 
Во 2015 година го имавме првиот лиценциран планинарски водич при ФПСМ за Југо-источна Македонија.
 
Во 2016 година го имавме првиот ментор при ФПСМ за Југо-источна Мкедонија за приправници-планинарски водичи, кој беше ментор на 11 планинарски акции на приправници водичи од клубовите и друштва ОСОГОВО-Кочани, ПЛАВИЦА-Пробиштип, КОЖУФ-Гевгелија, КОЗЈАК-Прилеп, ЧЕПЛЕС-Велес, КОЗЈАК 2013-Куманово.
 
Во 2015 и 2016 нашиот најмлад член Давид Чучуковски е првиот од Брегалничкиот регион кој ја доби највисоката стипендија СПОРТСКА НАДЕЖ и сеуште е прв кој ја добил две години едно по друго.
 
Од 2014 сме први и единствени во Брегалничкиот регион каде секоја година организираме скијање за нашите членови и досега имаме организирано 7 скијања на планината ГОЛАК и на РИЛА во Бугарија.
 
Сме први и единствени во Македонија кои имаме меѓународно име и имаме добра соработка со Француска Амбасада Скопје и Француски институт Скопје, за што имаме учествувано на неколку нивни активности, меѓу кои беше и уличниот маратон во Скопје ТРЧАЈ ЗА ФРАНКОФОНИЈАТА.
 
Досега сме први во Македонија,каде во 2016 година за само 1 година успеавме да направиме 15 предавања од областа на планинарството во повеќе основни и средни училишта во градовите Делчево, Берово, Виница, Кочани, Пробиштип, Неготино и тоа со над 1000 ученика.за што ја добивме и највисоката награда што ја доделува ФПСМ – ДАРЕ ЏАМБАЗ за посебни иницијативи.
 
Сме први во Брегалничкиот регион во организирање на хуманитарни работи од поголем карактер,една од нив е организирање на концерт за собирање на средства и материјал за доизградба на манастирот СВ.ИЛИЈА над село ЅВЕГОР на планината ВЛАИНА……..
 
Сме први во Брегалничкиот регион каде организираме или помагаме за чистење на поголеми депонии,како што беше ова лето каде за денот на чистотата заедно со Општина Делчево исчистивме една поголема депонија кај манастирскиот андак на планината ГОЛАК.
 
Сме први во Брегалничкиот регион каде имаме заедничка соработка со Општина Делчево,Општина Берово, Агенцијата за подршка и промоција на туризмот во Македонија, Општинска Организација на Црвен Крст Делчево, Основните училишта Ванчо Прќе и Климент Охридски, Средното општинско училиште М.М.Брицо, повеќе клубови и друштва како и повеќе организации и здруженија како од Македонија така и од странство.
 
Сме први во Брегалничкиот регион каде секоја година за нашите членови организираме планинарски велосипедизам на планините Голак, Влаина, Осогово, Средна.
 
Сме први во Брегалничкиот регион во организација на Алтернативен туризам односно туризам кој се состои со посета на планини со помали маршути, посета на културно-историски споменици на планина, природни феномени на планина итн.
 
Сме први во Брегалничкиот регион каде оваа година на почеток на месец април од Друштво, станавме Клуб и добивме решение за спорт од Агенцијата за спорт и млади.
 
Сме први во Брегалничкиот регион по гостување и правење емисии на повеќе национални и регионални телевизии и радија, разговарајќи за разни теми од планинарството.
 
Сме први во Македонија, каде го организиравме најголемиот младински камп на планината Влаина.На кампот учествуваа 500 ученици и нивните професори од СОУ „М.М.Брицо“, а не подржа Градоначалник на Општина Делчево – Горан Трајковски.
 
Сме први во Брегалничкиот регион каде сме во НАДЗОРЕН ОРГАН на новото раководство на ФПСМ предводено од Претседателот – Проф. Др. Угриновски.
 
Сме први во Брегалничкиот регион во Комисијата за планинарски патеки при ФПСМ.
 
Сме први во Брегалничкиот регион каде сме координатори за југо-источна Македонија при Комисијата за планинарски водички при ФПСМ.
 
Сме први во Брегалничкиот регион каде сме во НАДЗОРЕН ОРГАН на новото раководство на ФПСМ предводено од Претседателот – Проф. Др.Угриновски.
 
Сме први во Брегалничкиот регион кој имаме свој огранок,односно ПСК СОСНА Берово во кој имаме 11 членови.
 
Сме први во Брегалничкиот регион кој покрај членовите од Делчево, Берово, Пехчево и Велес имаме членови и од соседна Бугарија од градовите Пештера,Самоков и Софија но исто така и од Америка.
 
Сме први од Брегалничкиот регион кои имаме најголема соработка со други друштва и клубови од странство како што се од градовите Пештера, Самоков, Карлово, Софија, Гоце Делчев од Бугарија, Београд од Србија, Женева од Швајцарија.
 
Сме први во Брегалничкиот регион кој покрај членовите од Делчево, Берово,Пехчево и Велес имаме членови и од соседна Бугарија од градовите Пештера, Самоков и Софија, но исто така и од Америка.
 
Освен за 5 годишниот јубилеј, во видео интервјуто слушнете за плановите на ПСК „Голак“ Делчево ѕа 2019 година како и за најзначајните активности кои се реализирани во 2018 година.

Интервју со Љупчо Чучуковски, по повод 5 години ПСК ,,ГОЛАК" !

Posted by delcevo365.mk on Thursday, January 10, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*