Локалниот совет за превенција ја одржа Конститутивната седница

Локалниот совет за превенција на Општина Делчево кој е составен од претставници на локалната и централната власт, како и други владини и невладини организации од Делчево денес ја одржа Конститутивната седница.
 
Функционирањето на Локалниот совет за превенција треба да дефинира заеднички препораки за подобрување на безбедноста на подрачјето на општина Делчево, како и градење доверба и партнерски односи во превенирањето на појавите што влијаат на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата. Со Локалниот совет за превенција претседава градоначалникот на Општина Делчево, а негови помошници се јавниот обвинител и командирот на Полициската станица од општа надлежност – Делчево.
 
Градоначалникот Трајковски во своето обраќање пред присутните го истакна значењето од функционирањето на ова координативно тело.
 
-Наша одговорност е да се градат харомонични односи меѓу полицијата и заедницата. Законот за локална самоупрва, всушност, му ја дава на градоначалникот клучната улога во таа смисла која може да се инкорпорира преку дејствувањето на Локалниот совет за превенција.Јас, би рекол, секогаш е подобро да се превенира отколку да се лекува. Превенцијата е значаен и клучен сегмент за подобрување на локалната безбедност од сите аспекти и, всушност, тоа е една од клучните цели на ова тело. Затоа, јас како градоначалник, апелирам на меѓусебна соработка на сите претставници од ресорните министерства и од институции, да се разменуваат искуства, да се решаваат евентуалните проблеми и ова задолжение, мора да истакнам,  не зависи од добрата волја на поединци и не е по избор, туку е нешто што треба и мора да се направи, истакна Трајковски.
 
Во Општина Делчево, успешно работи Советодавната граѓанска група формирана пред 13 години како резултат на проектот „Соработка помеѓу полицијата и локалното население“ , имплементиран од страна на ОБСЕ-Мисијата во Скопје, преку Одделението за соработка со полицијата и локалното население.
 
 Локалниот совет за превенција се формира врз основа на Законот за локална самоуправа и Законот за полиција и претставува советодавно и координативно тело, заради остварување соработка и зацврстување на влијанието на јавноста во работата на полицијата. 
 
 Мандатот на членовите на Локалниот совет за превенција е четири години.

Одржана конститутивна седница на Локалниот совет за превенција!

Posted by delcevo365.mk on Thursday, January 10, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*