Интензивно се чисти снегот во Делчево!

Пристапните локални патишта до селата, Вирче, Град, Истевник, Пасјак, Ветрен, Илиово, Турија кои претставуваат прв приоритет за зимско одржување на општина Делчево, се исчистени од снежните наноси. Со акцијата за расчистување се опфатени патиштата до горните села во Општина Делчево каде на места снежната покривка надминува 30 см, а соодветно, критичните места се посолуваат и со сол и со ризла.
 
Економскиот оператот „Еуро-бетон“ кој е задолжен за зимско одржување на општинските патишта и улици на подрачјето на Општина Делчево информира дека се пристапува и кон чистење на локалните патишта во Драмче, а се чистат и улиците низ градот согласно со планот за зимско одржување на патиштата и улиците во градот.
 
Патиштата и улиците се чистат согласно со приоритетната листа, а во планот е предвидено зимското одржување на патишта со асфалтен коловоз да опфаќа патишта во должина од 82,5 км,општински патишта со макадам коловоз 42 км и улици со асфалтен коловоз во должина од 38,5 км.
 
Екипите на ЈПКД „Брегалница“ од вчера попладне интензивно пристапија на чистење на тротоарите и на јавните пиовршини во градот што им е и редовна обврска согласно со Планот за зимско одржување на улици и патишта. Тротоарите се чистат со машина за чистење снег и ровокопач, како и рачно чистење со лопати. За таа потреба има обезбедно доволно количини на ризла и сол кои се посипуваат на критичните места каде има асфалтни површини, а површините под бехатон се посипуваат само со ризла. Во моментов на чистење на тротоарите и другите јавни површини се ангажирани над 50 вработени од ова претпријатие.
 
Од ЈПКД „Брегалница“ апелираат до граѓаните да си ја исполнат својата граѓанска должност и да ги исчистат снегот од пристапите до нивните објекти, односно дворови. Посебно се апелира до правните лица да го исчистат делот пред нивните објекти со цел да се овозможи непречено движење и пристап до објектите.
 
Како што информираат надлежните состојбата ќе се следи и во следниот период ќе се реагира навремено доколку има нови врнежи.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*