Делчевец изгреба „Златна треска“ вредна 100 илјади денари!

Делчевци повторно ја пронајдоа среќата во грепките на Лотарија на Македонија. По двете добивки изгребани во играта „Дијамант“ кои беа вредни 600 илјади денари, делчевецот Мустафа е новото среќно лице на кого играта „Златна треска“ му донесе добивка вредна 100 илјади денари.

Грепката е купена на едно од најсреќните уплатни места „ВЕРА НБ“ пред чиј киоск и денес делчевчани купуваа грепки и бараа уште поголеми добивки кои ќе им ги продолжат празниците.

Еден од оние кои денес купија лоз беше и делчевецот Амет Реџепов на кого игрите на среќа му претставуваат еден вид забава.

-Најчесто купувам грепки, а исто така играм и Лото. Досега имам добиено ситни добивки, еве сега ми се паднаа 50 денари. Јас сум од оние за кои важи старото правило дека „гром во коприва не удира“, но сепак играм за забава, рече Реџепов.

Диспечерката Вера Тричковска потврди дека грепката „Златна треска“, на делчевецот Мустафа, вчера му донела добивка вредна 100 илјади денари.

-Морам да констатираме уште еднаш дека ова е најсреќното уплатно место во Македонија. Вчера овде на ,,Златна треска” се падна добивка вредна 100 илјади денари, а ден претходно на грепката „Патувај уживај“ беа „изгребани“ 20.000 денари. Веќе знаете од пред две недели за добивките од играта „Дијамант“ која на двајца играчи им донесе сума од 600 илјади денари. Во минатото, Џокер купен од ова уплатно место на наш сограѓанин му донесе добивка вредна 3 милиони денари, додека минатата година само овде беше регистрирана добивка во играта 6+1. Можам да кажам дека навистина се работи за едно од најсреќните уплатни места во Македонија, вели Тричковска.

Како што информира Тричковска, на уплатното место ,,ВЕРА НБ” во Делчево на дневна основа се исплаќаат од 30 до 50 илјади денари, без разлика дали станува збор за добивки од 50 денари или други поголеми добивки. Исплатените средства се по основ на грепки, Лото како и други игри на среќа кои ги приредува Лотарија на Македонија.

Делчевец изгреба „Златна треска“ вредна 100 илјади денари!

Posted by delcevo365.mk on Friday, January 11, 2019

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*