Во тек пријавувањето за ,,Работнички спортски игри“ во Берово

Започна пријавувањето за спортскиот настан „Работнички спортски игри“ кој традиционално секоја година во Берово се организира на почетокот на месец февруари. Како што информираат од општина Берово,  пријавувањето за турнирот во мал фудбал започна и ќе трае до 04 февруари 2019 година.
 
-Општина Берово како домаќин на овој настан ги започна подготовките за турнирот во мал фудбал како дел од ,,Работничките спортски игри 2019″. Целта на организирањето на оваа спортска манифестација е да се подобри соработката помеѓу институциите во Општина Берово. Пријавувањето на екипите кои ќе бидат дел од турнирот во мал фудбал започна од денес и ќе трае до 4 февруари 2019. Ја користиме приликата да ги поканиме сите заинтересирани јавни институции , општини и правни субјекти со свои екипи да се пријават и да ја збогатат спортската манифестација, велат од Општина Берово.
 
Додаваат дека почетниот состанок за организацијата на турнирот ќе се одржи во среда 16 јануари со почеток во 15 часот во салата на Совет на општина Берово.
 
На состанокот кој ќе се одржи во среда сите заинтересирани екипи со свои претставници ќе се запознаат со правилата на турнирот кој годинава ќе се игра во групи и со поинакви правила од претходните години. ,,Работничките спортски игри” во Берово ќе започнат на 11 февруари 2019, а за најдобрите екипи општина Берово како организатор на настанот ќе обезбеди и пригодни награди.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*