Излезе од печат збирката поезија „Градот“ од Билјана Начовски

Излезе од печат збирката поезија „Градот“ од делчевската поетеса Билјана Начовски. Како што информира авторката ,,Градот” е збирка песни која беше наградена од страна на здружението „Златно перо“ од Битола во категоријата за необјавени збирки, а во меѓувреме „Градот” излезе од печат и збирката е достапна за читателите.

-Делото го напишав за период од една недела. Истата е напишана за наградниот конкурс кој го организираше здружението „Златно перо“ од Битола каде доби награда за необјавена збирка. Содржи 38 песни колку што всушност имам и години. Збирката е насловена „Градот“ заради мојот сон за градот на поезијата Струга и мојот сон од дете да учествувам на Струшките вечери на поезијата. Ја користам приликата да се заблагодарам на моето семејство и пријателите за поддршката која ми ја дадоа оваа збирка да излезе од печат. Се заблагодарувам и на Магдалена Поповска од која добив фотографија за корицата. Инаку што се однесува до наградата неа ја посветувам на моите три деца, истакна Начовски.

Збирката „Градот“, е трето дело на Начовски која претходно ги издаде и делата „Сила што ќе напише“ и „Акорди на моето срце“. Дел од книгите авторот планира да ги донира за потребите на основните училишта како и Јавната локална библиотека „Илинден“ во Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*