РК Делчево освои сребрен медал на зимскиот турнир „Еден живот, една љубов“!

Женската екипа на ракометниот клуб Делчево од генерацијата 2006/07 го освои сребрениот медал на зимскиот турнир „Вардар – Еден живот, една љубов“кој во изминатите неколку дена се играа во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

На турнирот во големото финале во женска конкуренција делчевки силите ги одмерија со тимот на РК Ѓорче Вардар во натпревар во кој скопскиот тим славеше со резултат 13-6.

Делчевки финалето го обезбедија откако во полуфиналето во можеби највозбудливиот дуел на турнирот ја совладаа екипата на Кале Вардар со 16:15 со победа остварена во самиот финиш на натпреварот.

Според информациите на тренерите на делчевки ова бил одличен турнир на кој девојките го покажале својот ракометен потенцијал кој навестува светла иднина и уште поголеми успеси за РК „Делчево“!

Честитки до младите делчевки на кои им посакуваме следната година во Делчево да се вратат со злато!

 

 

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*