Женскиот прволигаш ,,Клубски Патриот” започна со подготовките за пролетниот дел од сезоната

Кошаркарскиот клуб ,,Клубски Патриот” од Делчево кој се натпреварува во Првата женска кошаркарска лига на Македонија ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во најелитното женско кошаркарско натпреварување во Македонија. Како што информираше тренерот за екипата Љупчо Петровски – Клубски, подготовките ќе се одвиваат во две фази.

-Во првиот дел од подготовките од денес до 31 јануари ќе се сконцентриме на полесните тренинзи во спортската сала во Делчево каде со прволигашката екипа ќе се сконцентрираме на полесните тренинзи кои ќе ги работиме заедно со кадетите кои настапуваат во младинските лиги М-14 и М-16. Вториот дел од подготовките ќе бидат искористени за одигрување на пријателски средби со екипи од соседна Репубика Бугарија, информира Петровски.

Петровски додаде дека не е исклучена можноста за учество на неколку кошаркарски турнири на кои екипата традиционално во овој период учествувала во минатото.

Женскиот прволигаш ,,Клубски” , натпреварите во првиот дел од сезоната ги одигра со релативно млад кошаркарски состав кој иако немаше некои позначајни резултати според стручниот штаб собираше искуство за понатамошниот дел од сезоната.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*