Планинарите од Пијанец и Малеш и годинава добија поддршка од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија ги поддржа планинарите од Делчево и Берово кои согласно програмата на федерацијата за 2019 година во сопствена режија ќе организираат два планинарски маршеви во 2019 година. Како што информираше, Љупчо Чучуковски, претседател на планинарскиот спортски клуб „Голак“ од Делчево, кој е одговорен и за беровскиот планинарски огранок „Сосна“, планинарските маршрути ќе се организираат напролет и летото 2019 година.

-Планинарскиот спортски клуб „Голак“ од Делчево со огранокот ПСК „Сосна“ Берово, во 2019 година доби поддршка за организирање на два планинарски маршеви согласно годишниот план за работа на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија. Првиот планинарски марш согласно програмата ќе се реализира на 5 мај 2019, ис истиот ќе биде во заедничка организација со нашиот огранок од Берово, додека вториот е традиционалниот планинарски марш „Голак 2019“ кој во месец август ќе се реализира по 5 пат, информира Чучуковски.

Во меѓувреме делчевските и беровските планинари го реализираа и првиот планинарски марш за 2019 до месноста „Трешчен камен“ на планината Влаина.

-Во рамки на првиот планинарски марш за 2019 направивме една кружна маршута од 16.8 километри на планината Влаина. Стартна точка ни беше градот Пехчево кој се наоѓа на 1000 метри надморска висина, потоа продолживме кон месноста „Вртена Скала“, на 1357 метри надморска висина, со крајна цел до таканареченото место „Мандра“ и враќање назад до Пехчево, информира Чучуковски.

На првата планинарска маршрута учествувале десетина планинари од Делчево и Берово. Маршот кој се одвивал во отежнати снежни услови, успешно го завршиле сите пријавени учесници.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*