,,Коливо” ќе се прикажува на Неделата на Македонски филм во Софија

Краткометражниот филм ,,Коливо” на делчевскиот режисер Андреј Волкашин на 24 јануари во кинотечната сала „Одеон“ на Бугарската националната филмотека ќе биде прикажан пред љубителите на филмот во рамки на Неделата на македонскиот филм кој започна во Софија.

Неделата на македонскиот филм во Софија започна со прикажувањето на филмот ,,Исцелител”, а ќе трае до 27 јануари.

Вечерва кинопроекциите продолжуваат со прикажување на „Кога денот немаше име“ на Теона Стругар Митевска. На 23 јануари, со почеток од 18 часот, ќе се прикажат краткометражните филмови „Еклер“ на Марко Ѓоковиќ, „Долорес“ на Радован Петровиќ, „Види ја ти неа“ на Горан Столевски и „Децата ќе дојдат“ на Ана Јакимска.

На 24 јануари, со почеток од 18 часот, ќе следи вториот блок краткометражни филмови: „Пепи и Муто“ на Георги Унковски, „Амби“ на Марија Апчевска, „Тие дојдоа од центарот на светот“ на Дина Дума и „Коливо“ на Андреј Волкашин.

Филмот ,,Враќање” на Кастриот Абдули е резервиран за 25 јануари од 18 часот, додека на 26 јануари од 17 часот ќе биде прикажан филмот „Џган“.

Неделата на македонскиот филм во Софија ќе биде затворена на 27 јануари кога за 17 часот е најавено прикажување на филмот „Џипси меџик“ на Столе Попов.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*