Промоција на „Трагачи на парадокси“ во Пехчево

 Во рамки на сатирично поетската вечер во Пехчево синоќа беше промовирана книгата „Трагачи по парадокси“ од сатиричарот Миле Ѓорѓијоски. Како што истакна авторот Ѓорѓијоски во книгата „Трагачи по парадокси“ е еден сублимат од 2000 афоризми од 20 најпознати балкански сатиричари.
 
-Драго мие што пред пехчевската публика го промовиравме делото во кое е сместен балканскиот крем во сатирата како четврта книга од едицијата Балканска сатира во издание на Фестивалот Ин Виница Веритас.
Во книгата се застапени врвните афористичарски имиња од Босна, Бугарија, Македонија, Романија, Република Српска, Србија и Црна Гора, автори кои сите заедно имаат издадено повеќе од двеста книги и се носители на врвни светски награди од областа на хуморот и сатирата. Во книгата “Трагачи по парадокси “ се сместени афоризми на 20 најпознати балкански сатиричари кои имаат освоени преку 300 награди и објавено преку 300 книги. Овој избор е кремот на афоризмот на Балканот, рече Ѓорѓијоски.
 
Освен промоцијата на книгата „Трагачи на парадокси“ во рамки на сатирично-поетската вечер сатиричарите Ленче Атанасова и Јане Атанасов читаа свои творби, а во поетскиот дел со свои песни се претставија поетесите Габриела Костадинова и Христина Деолска.
 
На настанот беа претставени карикатурите кои се дел од последното издание на фестивалот „Ин Виница Веритас“, дела кои во наредните денови ќе бидат изложени во Домот на култура „Јане Сандански“ во Пехчево.

Промоција на книгата "Трагачи по парадокси" од Миле Ѓорѓијоски – Дом на култура "Јане Сандански" Пехчево

Posted by delcevo365.mk on Thursday, January 24, 2019

Промоција на книгата "Трагачи по парадокси" од Миле Ѓорѓијоски – Дом на култура "Јане Сандански" Пехчево

Posted by delcevo365.mk on Thursday, January 24, 2019

Христина Деолска – Настаоќп на сатирично-поетската вечер во Пехчево

Поетесата Габриела Костадинова со свој настап на сатирично-поетската вечер во Пехчево

Posted by delcevo365.mk on Thursday, January 24, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.

*