Угостителска вечер по 5 пат во Делчево!

Угостителите од Делчево и нивните колеги од Пехчево и годинава традиционално ја организираа долго најавуваната угостителска вечер. На вечерта присуствуваа околу 80 угостителски работници кои на најубав можен начин ја одбележуваат својата долгогодишна работа во угостителството. Како што информираше угостителскиот работник Горан Јанковски, ова е мал јубилеј, бидејки угостителската вечер се одржува по 5-ти пат.
 
-Морам да кажам дека атмосферата е одлична, не има околу 80 луѓе кои и годинава се организиравме и решивме по петти пат да ја организираме традиционалната угостителска вечер. Идејата за организирање на ваков настан започна спонтано, најпрвин започнавме во Панорама, па потоа во Вигор, продолживме во Хотел Македонија, четвртата година бевме во Пехчево и еве сега во „Звон Трејд“ е петта година како се одржува нашата угостителска вечер. На овој мал јубилеј не забавуваат момците од Универзал Бенд, имаме специјални гости од Бугарија и како што кажав имаме прекрасна атмосфера која ќе потрае најверојатно до доцна во ноќта. Благодарност до сите кои активно учествуваа во организирањето на оваа традиционална вечер. На сите угостителски работници вклучително и сопствениците им посакувам успешна работа и уште многу години вака да се собираме, рече Јанковски.
 
Јанковски додава дека за наредните години во план е средбата да се прошири со учество на угостителските работници од Берово и Виница.
 
Во Делчево угостителството во моментот зазема значајно место во развој на локалната економија. Делчево е едно од местата каде гастро-туризмот поради големиот број гости од соседна Република Бугарија е на највисоко можно ниво. Ако продолжи таквата слика угостителството уште долги години ќе биде заштитен белег на градот  Делчево.

Posted by SE KO on Sunday, January 27, 2019

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*